Добредојдовте, во светот на БОХО!

Замислете го вашиот простор, дизајниран да одговара на вашиот стил и да ја рефлектира вашата личност.

Концептот на Бохо

Инспирирани од најсовремените светски трендови во дизајн и луксузните парчиња мебел, идејата за БОХО прераснува во бренд кој во соработка со една од најголемите компании за производство на мебел во Европа, која датира од 1971 година, ви нуди безвременски мебел од внимателно селектирани материјали, одбрано цврсто природно дрво, метал и супериорни ткаенини. Со беспрекорен квалитет, долготрајност и лесна одржливост.

Нашата галерија

ЗОШТО БОХО?

Нашата цел е создавање додадена вредност за нашите клиенти преку изработка на луксузни парчиња мебел со сигурност, флексибилност, интегритет и брзина. Ние сакаме секое Бохо искуство да биде безгрижно и удобно преку заедничко почитување и доверба.

Концептот на Бохо поддржува можност за персонализирање на вашето омилено парче мебел така што можете да изберете ткаенина во различни бои, завршни детали како боја на дрво и метал. Нашaта задача е да го направиме парчето мебел што навистина го посакувате!

Секое парче од нашата богата колекција се карактеризира со ваша персонализација и безвременски дизајн кој го оплеменува вашиот простор.

Бохо тим

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Design corner

Персонализирајте го вашето омилено парче мебел, изберете ткаенина во различни бои, завршни детали како боја на дрво и метал и создадете парче мебел што ќе има ваш личен идентитет и ќе стави уникатен печат во вашиот простор.

Тука поставете го вашето барање или испратете ни фотографија од вашиот посакуван модел. Нашиот тим ќе го најде вистинското решение за вас.

Доколку сте професионалец во внатрешен дизајн испратете ни барање за 3Д модели од нашите парчиња мебел што ќе можете лесно да ги вметнете во сите ваши проекти.

Инспирирајте се од нашите идеи и одберете мебел кој ќе му даде посебен карактер на вашиот простор.

DESIGN CORNER
Fully customizable | Fabric - Finish - Size |